АБА: МЗТ ја победи Игокеа

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја прекинаа низата од два порази во АБА лигата, откако извојуваа победа во Лакташи над Игокеа 108:99 (27:20, 36:37, 16:22, 29:20). Исклучително ефикасниот натпревар МЗТ го реши во последната минута со серија од десет поени.

МЗТ во Лакташи кај Игокеа, која во претходните две кола забележа победи над Будуќност и Цедевита, одигра напаѓачки беспрекорен меч.

Од почетокот македонскиот шампион беше тимот кој го диктираше ритамот, а предводници беа капитенот Стојановски и малдиот Бугарин Минчев. Капитенот Стојановски во првиот дел, не промаши ниту еден шут од поле постигна 17 поени, а Минчев уфрли 14 кошеви.

Американците Рајт и Вошингтон во првите 20 минути ја држеа Игокеа во натпреварот. Двајцата постигнаа по 16 поени, најчесто преку ниските плејмејкери на МЗТ, Гарсија и Стајиќ.

МЗТ по првиот дел имаше предност од шест поени (63:57), разлика која Игокеа ја надомести во третиот период. Во решавачката четвртина тимовите влегоа со по 79 поени.

Игокеа некоку пати се обиде да се „одлепи“ од противникот, а покрај последната минута, клучен момент беше средишницата на мечот, кога МЗТ со серија од седум поени ја врати минималната предност.

Победата ја најави Трајковски со тројка на влез во последната минута, потоа погоди и Стојановски со што ја запечати судбината на домаќинот.

Стојановски имаше учинок од 23 поени и по два скока и аситенции, Минчев забележа 19 поени и 9 скока, а Трајковски 17 поени и 9 скока. Одличен беше и Американецот Бејли со 17 поени и 8 скока, а двоцифрен број на поени, 14, постигна и Лалиќ.

Кај Игокеа Рајт натпреварот го заврши со 29, а Вошингтон со 21 поен.

МЗТ во петтото коло, в понеделник, ќе ја пречека екипата на Цибона.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Војдан Стојановски: Ова е голема победа за нас

Македонската кошаркарска репрезентација вчера со победа над Словачка со 74:66 ги стартуваше претквалификациите за Еуробаскет ...

Бостон ja прекина победничката серија која траеше 16 натпревари (ВИДЕО)

Мајами Хит е екипата која му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс. Мајами Хит ...