АББА по пауза од 35 години се враќа со нови песни – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

АББА по пауза од 35 години се враќа со нови песни

Четиричлениот состав што порададе стотици милиони плочи низ светот во текот на кариерата, соопшти дека снимил две нови песни, преку социјалната платформа „Инстаграм“.

– Сите сметавме дека би било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во музичко студио. Па го сторивме тоа. Се чувствуваме како времето да застанало и како да сме биле на краток одмор. Ова беше исклучително радосно искуство! – се наведува во објавата на групата.

Една од новите песни, насловена „Уште имам верба во тебе“, ќе се емитува на телевизија во декември.

Песните се снимени за потребите на телевизиски проект во рамките на кој членовите на АБА, кои ќе бидат претставени како компјутерски ликови, ќе ги изведуваат нивните песни во двочасовно шоу.

Групата е формирана во 1972 година, а се прослави со победата на Евровизија во 1974 година со песната „Waterloo“.

Превземено од: Шеталиште

Би те интересирало и

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие ...

Како би изгледале светските лидери со доколку би имале кул фризури (галерија)