Абе и Трамп: Потребни се мерки против Северна Кореја, по нејзината најнова ракетна проба

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека двајцата се на ставот дека е неопходно да се преземат мерки против Северна Кореја по нејзината најнова ракетна проба, пренесува БТА.

Абе пред новинарите во Токио изјави дека ја пофалил ангажираноста на Трамп за прашањето за Северна Кореја и дека ќе ги вложи сите свои напори за да ги заштити Јапонците.

Северна Кореја во саботата соопшти дека извршила уште едно успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, способна да изведе напад врз американска територија.

Во денешниот телефонски разговор Абе и Трамп не ја разгледале можноста за воени дејствија против Северна Кореја, изјави портпаролот на јапонската Влада, цитиран од британските медиуми.

Тие не разговарале ниту за тоа што значи формулацијата „Пјонгјанг ја премина црвената линија“, пред новинарите изјави заменикот на главниот секретар на Владата, Коичи Хагиуда.

Извор: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

Силен земјотрес го погоди островот Ероманго

Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди островот Ероманго во државата Вануату во ...

Макрон повика на формирање контакт група за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на формирање на ...

Close