Авганистан: Четворица загинати во самоубиствен напад

Најмалку четири лица загинаа, а осум се ранети во самоубиствен бомбашки напад во шиитска џамија во Кабул, Авганистан. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава (ИД), соопштија авганистанските власти.

Напаѓачите го активирале експлозивот во кујната на џамијата, откако полицијата не им дозволила да влезат на местото каде имало голем број на верници.

Во нападот загинале тројца цивили и еден војник.

Џихадистите од ИД, во главниот град на Авганистан за време на Рамазанот извршија повеќе слични напади во Кабул.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Силувана 16-годишна виничанка

Пријавено е силување на 16 годишна девојка од Виница. Вчера, за време на одморот, средношколката ...

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...