Авионската бомба во Штип ќе се уништи на лице место

Авионската бомба која пред 14 дена беше пронајдена во Индустриската зона во Штип ќе биде уништена на лице место, соопшти денеска Грозданка Наумовска раководител на Одделението за превенција и планирање при технолошки и комплексни несреќи во Дирекцијата за заштита и спасување.

Таа истакна дека оваа одлука е донесена денеска на заедничкиот состанок на надлежните и стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за одбрана.

-Во текот на денешниот и утрешниот ден стручни лица од Министерството за одрбрана ќе направат проценки и план како да се уништи авионската бомба на лице место. Притоа преземајќи ги сите безбедносни мерки за заштита на населението и објектите, вели Наумовска.

Таа додаде дека Министерството за одбрана има краен рок до наредната среда да ја спроведе акцијата. Оваа одлука е донесена бидејќи како што вели таа поризично е бомбата да се крева и тарнспортира до воениот полигон Криволак. Еден ден пред да се уништи авионската бомба ќе бидат информирани сите институции, меѓу кои Општина Штип, Итната медициснка помош, Клиничка болница-Штип и медиумите. Наумовска забележа дека нема опасност од самоактивирање на авионската бомба, бидејќи на неа се уште си стојат запалките, а кога ќе биде уништена ќе се насочи кон теренот каде што нема население и објекти. Авионската бомба е од Втора Светска војна, долга е околу еден метар, а во неа има експлозив од околу 70 килограми. Разурнувачката моќ и е до еден километар, а ударната моќ до три километри.

Извор: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close