АВМУ: Прекршочни постапки против телевизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“

Прекршочни постапки против телевиизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ поведе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиврз (АВМУ) основа на извештаите  од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на Локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава.

Извештаите од мониторингот на радиодифузерите се достапни на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...