Австралија стави крај на сириските надежи

Фантастичниот квалификациски пат на Сирија заврши во Сиднеј кога Австралија во продолжението го совлада лидерот благодарение на голот со глава на Тим Кејхил. Сега Австралија ја чека уште еден бараж, овој пат против тим од Северна Америка и Карибите – Панама, Хондурас или САД.

Откако првиот натпревар, кој Сиријците го играа на домашен терен во Малезија, заврши со 1:1, Омар ал Сомах ѝ даде на нацијата растргната со војна надеж за пласман на СП во Русија, со рано водство, уште во шестата минута. Но, 37-годишниот Кејхил бргу израмни во 13. минута со удар од глава. Сиријците играа со играч помалку откако Махмуд ал Мавас беше исклучен пред Кејхи да го постигне победничкиот гол по нафрлање на Роби Крусе.

Успехот на националниот фудбалски тим привлече огромно внимание во Сирија. Во живо преку големи ТВ-бимови натпреварот се следеше на плоштадот Умајад во Дамаск, но и во Алепо, Хомс и во Свеида. Сирија досега нема играно на ниту едно Светско првенство.

Извор: МакФакс

 

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...