Австрија испрати полицајци на српско-бугарската граница – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Австрија испрати полицајци на српско-бугарската граница

sobotka

Австрискиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка испрати денеска 20 полицајци кои ќе учествуваат во набљудување на српско-бугарската граница.

Затворањето на балканската рута и натаму е од централно значење за надминување на бегалската ситуација – соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.

„Сакаме на балканските земји и понатаму да им бидеме доверлив партнер и ги поддржуваме да остане затворена балканската рута“, истакнува Соботка.

Според него, бидејќи затворањето на балканската рута е многу важно за надминување на бегалскиот предизвик, тогаш е неопходен солидарен придонес од европските земји.

 

Би те интересирало и

Наесто Пуџдемон, за малку полицијата ќе уапсела комичар

Шпанската полиција којашто е во потрага по Карлес Пуџдемон, за малку ќе уапсеше негов двојник ...

Во САД закажани три смртни казни во еден ден

Во три сојузни американски држави Алабама, Тексас и Флорида во ист ден се закажани извршувања ...