Австрија најуспешна нација на СП во скијање

Со слаломската трка во машка конкуренција заврши Светското првенство во алпско скијање што се одржа во Сент Мориц – пренесува Алфа тв.

Австријците се најуспешна нација со девет медали, од кои три злата. Домаќинот Швајцарија освои вкупно седум, а по три пати на подиумот се искачија натпреварувачите од Франција и Канада.

Македонија ја претставуваа вкупно шест натпреварувачи. Кај дамите единствена беше Лидија Симјановска и таа успеа да се квалификува за финалните трки во слалом и велеслалом, но не го комплетираше првото возење додека од петте репрезентативци во машка конкуренција финале обезбедија Антонио Ристевски во слалом и Лука Божиновски во велеслалом, но и двајцата не успеаја да стигнат на целта по првата трка.

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close