Автобус се запали по судир со камион во Германија – 31 повреден и 17 исчезнати

Триесет и едно лице се повредени, а 17 се видат за исчезнати откако автобус се запали по судир со камион, соопшти германската полиција.Судирот се случил во близина на Минхберг, во Баварска.

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила на југот на Германија. Портпаролката на полицијата, Ана Хофер, соопшти дека не се знае каде се 17 патници. Според неа, можно е некои од патниците да успеале да излезат од автобусот кога се запалил.
Германските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата има хеликоптери кои ги транспортираат повредените и дека автопатот А9 е затворен поради несреќата.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...