Адам Сендлер и Џенифер Анистон повторно заедно во филм – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Адам Сендлер и Џенифер Анистон повторно заедно во филм

Холивудските актери Адам Сендлер и Џенифер Анистон, по романтичната комедија „Just Go With It”, повторно ќе глумат заедно, овојпат во филм на Нетфликс.

Новиот проект, што се’ уште е во претпродукција, е насловен „Murder Mystery”, а приказната е за њујоршки полицаец кој заедно со неговата сопруга стануваат главни осомничени за убиството на милијардер. Сценариото е на Џејмс Вандербилт, а режијата на Кајл Њуачек.

Филмот претставува шести Нетфликс проект за Сендлер, а прв за Анистон.

Би те интересирало и

Лимон за блескава насмевка, мазна кожа и сјајна коса

Лимонот најчесто е синоним за витамини и добро здравје, но може да биде делотворен и ...

Едно од најубавите островчиња на светот е затворено за туристи

  Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи наредниве шест месеци, поради стравувањата за ...