Адаптирано возило за Здружението на граѓани „Мобилност“

Адаптирано возило денеска доби Здружението „Мобилност“ во кое членуваат лицата со хендикеп од општините Велес, Градско и Чашка. Возилото во вредност од над 20 000 евра е дел од проектот финансиран од амбасадата на Германија, компанијата „Дрекслмајер“, Божиќниот базар на германската Амбасада во Скопје и општина Велес. На денешното примопредавање присуствуваше и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

„Ние се приклучивме кон овој проект, кој е многу важен за лицата со посебни потреби на кои сакаме да им помогнеме и да им го олесниме животот. Со овој проект ќе им се овозможи на лицата со телесен инвалидитет да бидат помобилни и да бидат полесно инклузирани во целото општество“, нагласи амбасадорката Алтхаузер.

 

Иванка Колева од здружението „Мобилност“ се заблагодари на финансиерите за возилото, за кое потенцира дека им е било повеќе од неопходно за секојдневните потреби на сите членови од Велес, Градско и Чашка, а посебно за прегледи и лекување на нивните членови во клиниките во Скопје и други секојдневни потреби.

Би те интересирало и

Случај Труст: На денешното рочиште дојде и вториот сведок

Во 12.30 треба да продолжи денешното судско рочиште за случајот ,,Труст“ на СЈО. Целата вест ...

Голема акција за чистење на Скопје

Со цел да се намали загаденоста во главниот град, градските власти од општина Бутел ја ...