Адеми – Бејли: Привлекување на дијаспората да инвестира во Македонија

Донесување закон за дијаспората, надминување на нејзината етничка поделеност и враќање на младите во Македонија, се трите владини приоритети што му ги презентира денеска министерот без ресор, задолжен за односи со дијаспората, Едмонд Адеми на американскиот амбасадор Џес  Бејли.

На средбата во Владата, Адеми истакнал дека грижата за дијаспората на министерско ниво има повеќе предности. Како посебно значајни, соопшти неговиот Кабинет, ги истакнал потребата од измени во законската регулатива за гласање на дијаспората и интензивирањето на соработката со потенцијалните инвеститори од редовите на иселениците кои, како што рекол, се чувствуваат обесправени пред другите странски вложувачи.

– Немаме закон за дијаспората, нешто што како регулатива постои кај сите наши соседи и ги дефинира легалните аспекти на соработка на дијаспората со татковината – нагласил министерот.

Амбасадорот, Бејли како особено значајна ја поздравил идејата за стратегија за враќање на иселената младина што ја изложил Адеми во текот на разговорот.

Во однос на етничката поделеност на дијаспората, Адеми потенцирал дека тоа е една од целите на неговите активности, двете најголеми етнички заедници од Македонија кои работат и живеат во странство, да седнат на заедничка маса и да пристапат кон соработка со Владата.

– Пред нас имаме празен лист хартија. На нас е да го испишеме со добри нешта – нагласил Адеми и како прв успешен чекор го посочил очекувањето позитивен одговор од Министерството за транспорт на Германија за граѓаните на Македонија да можат да користат македонски возачки дозволи во Германија.

Дијаспората е важен и значаен ресурс не само во Македонија, туку глобално, истакнал амбасадорот Бејли, додавајќи дека ќе помогне во воспоставувањето комуникација со иселените во САД да инвестираат во Македонија.

Би те интересирало и

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупното кредитирање на фирмите и на граѓаните во септември е намалено за 0,3 отсто, но ...

Бугари го купија Фени, сите вработени остануваат на работа

Се надминаа проблемите, сите работници остануваат на работа со статусот што го имаа, а комбинатот ...