Адеми доби една година суспензија од ФФМ за нападот на судијата Темелков

Претседателот на Шкупи, Ејуп Адеми, доби остра санкција од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за напад на судијата на натпреварот меѓу Работнички и Шкупи одигран на стадионот во Ѓорче Петров.

Адеми доби суспензија од фудбалот од една година и нема да смее да се бави со фудбалски активности до крајот на сезоната 2017/18. Претседателот незадоволен од неколку судиски одлуки влета на теренот пред финишот и со бокс в лицето му нанесе повреда на судијата Зоранчо Темелков.

Натпреварот заврши со победа на Шкупи од 1-0.

 

Извор: www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Мурињо прави страшен среден ред: После Матиќ пристигнува ѕвездата на Рома?

Жозе Мурињо полека ги склопува коцките и прави шампионски тим, а „Специјалниот“ најдобро знае дека ...

Петтото засилување за Милан оваа година

  „Газета дело Спорт“ пренесе, а потоа клупскиот канал на „росонерите“ потврди дека Фабио Борини ...

Close