Адеми: Национална стратегија за соработка со дијаспората

Оваа есен треба да биде готов документот, кој ги содржи почетните позиции на владата за соработка со дијаспората. Тој ќе биде ставен на увид на јавноста и ќе претставува почетна точна за изградба на национална стратегија – ова го најави денеска министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Системски, а не ад хок решенија за подобрување на односите и соработката со дијаспората – предлага министерот без ресор, Едмонд Адеми, кој вели дека со тим од неговиот кабинет веќе работи на документ, што според најавите, ќе содржи 4 клучни столбови –  економски, политички,културен и образовно научен.

Адеми денеска говореше на форумот „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, кој го организираше програмата за поддршка на граѓанското општество во Македонија „Цивика мобилитас“.

Според министерот, она што е важно во овој период е кога ќе ја мапираат дијаспората да знаат точно колку луѓе има реално надвор од државата.

„Не само бројка заради бројка, туку тоа мапирање треба да го направат во насока да знаат која е етничката, половата, професионалната припадност“.

Со децении се дискутира прашањето за миграцијата, која е се’ позачестен феномен. Дискусиите и позициите се контрадикторни, дали миграциите носат придобивки или се товар за земјите кои се најчести дестинации за мигрантите. Противниците велат зголемениот број мигранти ги преземаат невработените места. Од друга страна се смета дека миграцијата е позитивен феномен бидејќи мигрантите придонесуваат за економски раст. Секоја земја има свои карактеристики па миграцијата може да има и позитивна и негативна улога – нагласи Адеми.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада изјави дека прашањето за миграциите влијае на само на секојдневната политика, туку и воопшто на иднината на секоја земја.

Кога се говори за миграцијата обично тоа прашање се поврзува со младите бидејќи тие најчесто ја напуштаат земјата. Се надевам дека оваа иницијатива ќе пренесе инспиративни пораки за сите оние кои се инволвирани“.

Последното истражување на Младинскиот сојуз Крушево пак, покажува дека секој втор млад човек сака да ја напушти Република Македонија и тоа е најистакнато во југозападниот дел од државата. Истражувањето е спроведено на примерок од 1.100 испитаници на возраст од 16 до 30 години.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close