Адеми: Оваа репрезентација има срце и квалитет за поголеми резултати

Аријан Адеми по две години пауза со гол во мрежата на Лихтенштајн му се врати на фудбалот. Синоќа Адеми влезе во игра во 63. минута, а само шест минути подоцна соло акцијата ја заврши со гол.

„Ова е посебен момент за мене, преполн со емоции. Не бев виновен за она што ми се случи, а сега голот го прославив со солзи“, рекол Адеми.

„Сакам да му се заблагодарам на селекторот Ангеловски, кој веруваше во мене и кој ме повика во репрезентацијата, иако имав долга пауза. Му благодарам на Пандев и на сите соиграчи од репрезентацијата кои ме дочекаа со отворени срца. Им благодарам на целата македонска спортска јавност и на навивачите во Струмица. Ова многу ми значи“, дополнил Адеми.

Играчот на Динамо Загреб е убеден дека оваа репрезентација на Македонија пред себе има светла иднина.

„Оваа репрезентација има срце, но и квалитет за многу поголеми резултати. Тоа го покажавме во Италија, а убеден сум дека тоа ќе го покажеме во наредниот квалификациски циклус“, изјавил Адеми.

Извор: МакФакс

Би те интересирало и

Нашиот Дејан Недев е светски шампион

Македонија може да се пофали со ново злато во карате, благодарение на успехот на Дејан ...

Маестро Пирло ја заврши кариерата

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло изминатата ноќ стави крај на кариерата. Пирло ги одигра последните ...