АЕК крие колку пари ќе даде за панорамското тркало, а за 3 години дала 8 милиони евра

За три години АЕК донирала 8.8 милиони евра, а најголем дел од парите се дадени за Панорамското тркало во Скопје што, според првичната проценка, ќе чини околу 18.3 милиони евра (Фото: СДК.МК)

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) оваа година има за давање уште 1.3 милиони евра, но не кажува дали ќе даде пари како донација за Панорамското тркало во Скопје, што во име на Град Скопје го гради ЈСП. За три години АЕК донирала 8.8 милиони евра, а најголем дел од парите се дадени за Панорамското тркало што, според првичната проценка, ќе чини околу 18.3 милиони евра.

“Сѐ уште не се одобрени пари за ниту една донација. Комисијата во Агенцијата одлучува кому ќе му биде одобрена донација врз основа на претходно доставени барања“, велат од АЕК.

Телекомуникациските оператори, од каде доаѓаат најголем дел од парите, изминатите години предупредуваа дека Агенцијата ги  користи вишокот средства за цели кои не се развој на електронските комуникациски услуги и со тоа излегува од делокругот на својата работа. Тие бараа висината на годишните приходи кои ги има Агенцијата да бидат усогласени со висината на годишните административни трошоци, што пак од друга страна ќе значи поевтини сметки за телефон за граѓаните.

Дека АЕК троши пари за несуштински дејности, предупредува и Европската комисија во годишните извештаи за напредокот на Македонија.

Според финансиските извештаи на Агенцијата објавени на нејзината веб страница, во текот на 2016 АЕК донирала над 3 милиони евра. Парите биле потрошени за изградба на Панорамското тркало, Зоолошката градина, имало донации за МТВ, Општина Гази Баба и Велосипедската федерација.

Во 2015, АЕК донирала 4,5 милиони евра, а како што стои во извештајот, парите се дадени како донација на ЈСП за Панорамското тркало. Дел од парите, без да се назначи точно колку, се одвоени и за Специјалната олимпијада.

Во 2014, АЕК донираше 1,3 милион евра.

Превземено од: СДК

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close