АЕК: Операторот е должен да ви ја надомести штетата од несакан роаминг

mobilen telefon

Колку пораснаа вашите сметки за мобилен телефон, поради тоа што сте биле во пограничните зони, па наместо домашната мрежа на операторот, сте разговарале на странската, која била посилна во регонот? Дојран, Струга, Дебар…Само дел од местата опасни по телефонската сметка, кога сте закачиле мрежи на грчки и албански оператори.

Според Агенцијата за електронски комуникации, операторите имаат обврска да ги преземат сите активности за да ги заштитат своите корисници од несакан роаминг. Доколку по грешка или заради слаб квалитет на мрежите некој од корисниците е оштетен со несакан роаминг, операторот треба таа штета да му ја надомести на корисникот во целосен износ.

Ова е пропишано во Правилник на АЕК, кој е обврска за почитување на мобилните оператори.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...