Акредитирани над пет илјади набљудувачи за изборите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Акредитирани над пет илјади набљудувачи за изборите

За вториот круг од Локалните избори во Македонија што ќе се одржи утре, Државната изборна комисија (ДИК) акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК за вториот круг од изборите акредитираше дополнителен број набљудувачи и новинари.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 2.917, потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829, Цивил – Центар за слобода 207, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој – шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 289, потоа Амбасадата на САД во Македонија 35, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (ИЕСЦ) 18… Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија и други. /МИА

Би те интересирало и

Заев: македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

Македонскиот премиер вели дека поради техничка пречка неделава не бил потпишан договорот за признавање на ...

Села и Гаши на средба во Тетово разговараа за окрупнување на Албанската опозиција

Иако поделени во фракции и крила, Албанските опозициони партии започнаа да соработуваат, чија крајна цел ...