Акција за чистење на ромската населба во Стара Топаана – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Акција за чистење на ромската населба во Стара Топаана

Волонтерска акција за чистење на отпадот под улицата „Самоилова“ во Стара Топаана, разубавување на просторот за играње и поставување контејнери за ѓубре, организираат денеска Мрдни со Прст, Црвениот Крст на Република Македонија и локалните жители.

Целта на оваа акција насловена „Разубави го просторот за играње заедно со локалното население од Стара Топаана“ е обид да се понуди трајно решение за проблемот со кој се соочуваат жителите на оваа стара ромска населба.

– Станува збор за разубавување и чистење на просторот за играње под улицата „Самоилова“. На просторот кој првично бил наменет за детска игра и забава, сега е насобран отпад што не само што го блокира местото на децата за игра, туку претставува и потенцијален извор на зараза – велат организаторите.

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...