Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи

Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, која е донесена консензуално, националната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи упорување или отстапување од реформите – изјави deneska министерот за култура Роберт Алаѓозовски, при посетата на Спомен Костурницата во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за негова смена од министерското место.

Според него, овие наредени неколку месеци се многу важни за Министерството за култура и за сите процеси коишто се таму.

„Јас продолжувам со мојата агенда, јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку. Се разбира дека премиерот е тој што ги предлага и разрешува членовите на Владата“, рече Алаѓозовски.

 

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...