Албанска активистка ја нападна косовската амбасадорка во САД

Косовската амбасадорка во САД, Влора Читаку, на настан во американскиот град Денвер била нападната од страна на албанска активистка, припадник на косовското радикално движење „Самоопределување“, пренесуваат регионалните медиуми.

Инцидентот се случил за време на предавање на тамошниот универзитет. Читаку на својот Фејсбук профил напишала дека била нападната во присуство на поранешниот американски дипломат Кристофер Хил, кој посредуваше во регионот за време на судирите во 90-тите години.

Нападот се случил откако активистката Влерта Вдили поставила прашање за смртта на Астрит Дехари, притоа правејќи низа обвинувања на сметка на Читаку и кон неа фрлила со јајце.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Слободан Праљак му понудил отров и на Ратко Младиќ

Хрватскиот генерал и лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак кој се отру со цијанид во судницата ...

Босански музеј на воено детство ја освои наградата за најдобар музеј во Европа

Во само една година, мал босански музеј посветен на детството во време на војна, ги ...