Албанскиот Парламент го „запоседнаа“ жени, за првпат во него има 39 пратенички – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Албанскиот Парламент го „запоседнаа“ жени, за првпат во него има 39 пратенички

Во новиот албански Парламент, произлезен од изборите на 25 јуни,од вкупно 140 пратеници, 39 се жени или 27,85 отсто. Ова е највисоко ниво на застапеност на женте во законодаваниот дом на Албанија од 1992 година, кога беа спроведени првите плурални избори.

Најголем процент од народните избранички се од редовите на Социјалстичката партија или 22. Демократската партија има 11 пратенички, Движењето за социјалстичка интеграција (ЛСИ) пет и една пратеничка е од Партијата за единство и правда (ПДИУ), која е избрана во ИЕ Пешкопеја.

Тоа што посебно паѓа во очи е фактот дека социјалистите имаат пратенички од сите изборни единици, а во Тирана дуру шест, демократите имаат пратенички од изборните единици,Тирана, Валона, Скадар, Корча, Драч и Лежа, ЛСИ во Тирана, Драч и Елбасан.

Минатиот албански Парламент имаше 19 пратенички или само 13 отсто од вкупнот број.

Доколку нема измени во составот на новата влада на Еди Рама, што го објавија медиумите, жените ќе раководат со осум министерски места. Владата ќе брои 21 член. Покрај премиерот, ќе има двајца вицепремиери и 19 министри.

Би те интересирало и

Нагло зголемен бројот на нови мигранти во Грција

  Бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем –  грчкиот министер ...

Евакуиран францускиот остров Мон Сен Мишел

Островот во Ламанш, Мон Сен Мишел, денеска е евакуиран поради закана кон полицијата од страна ...