Алегри погоди со измените, Варди ги продолжи надежите на Лестер

Јувентус зачекори во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот осминафинален натпревар славеше во Порто со 2:0, додека Лестер избори поволен резултат во пресрет на реваншот со Севилја.

Просечен фудбал понудија дуелите со кои беа комплетирани првите осминадинални натпревари во Лигата на шампионите.

Јувнетус искусно, без многу ризик, ја искористи предноста од играч повеќе и славеше во Порто со 2:0. Клучниот момент на натпреварот се случи во 26.минута кога дефанзивецот на Порто Алеш Телес за неполни 40 секунди доби два црвени картон.

Италијанскиот шампион во остатокот од натпреварот одигра без ризик, трпеливо ја чекаше шансата и ја дочека во интервал од 120 секунди. Тренерот Алегри погоди со замените бидејќи Пјаца во 72-та и Дани Алвеш во 74-та ги постигнаа головите за победа. Претходно најголемата шанса ја имаше Дибала кој го погоди дирекот.

https://youtu.be/dCa20jl8i_Q

Севилја доминираше против Лестер, но на крајот англискиот првак задоволен го напушти „Санчез Писхуан“.

Севилја упати 22 удари кон голот на Шмајхел кој блескшае на овој натпревар. Данецот во 14-та минута му одбрани пенал на Кореа. Првиот гол го постигна Сарабија во 25-та минута, а вториот Кореа во 62-та по акцијата на Јовентиќ.

Лестер успеа да израмни од единствената вистинска акција, Дринквотер нафрли од левата страна по земја, а Варди рутински го совлада Серхио Рико во 73-та минута. Овој гол беше прв за Варди во Лигата на шампионите.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close