Алекс Душебаев повторно во тимот на колото

Десниот бек на македонскиот шампион Вардар, Алекс Душебаев повторно избран меѓу седуммината најдобри ракометари, односно најдобриот тим кој го одбележа изминатото коло во Лигата на шампионите.

Дуешебаев ваквото признание го заслужи на дуелот во кој Вардар го совлада Целје со 35-30, а Шпанецот беше најефикасниот ракометар на македонскиот шампион со осум постигнати голови. Инаку ова е трети пат сезонава Душебаев да биде еден од најдобриот тим на колото во елитната лига.

Покрј Душебаев во тимот на 12.коло во Лигата на шампионите се и: голманот на Барселона, Гонзало Перез Варгас, лево крило на Ранј-Некар, Валур Сигурдсон, Момир Илиќ од Веспрем на левата бековска позиција, односно Габор Цазар од Кадетен Шафхаузен на централната, како и десното крило Богдан Радивојевиќ од германскиот Фленсбург и пивотменото Михаел Кнудсен од Бјерингбро.

Би те интересирало и

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...

Вардар против Турингер за задржување на максималниот ефект

ЖРК Вардар в петок е домаќин на Турингер во последниот дуел од првата групна фаза ...