Алекс Фергусон се разбуди од кома – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Алекс Фергусон се разбуди од кома

Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството – пренесе Дејли Мејл. Најуспешниот менаџер во британскиот фудбал итно бил опериран поради излив на крв во мозокот и моментно е на интензивна нега, но тој веќе се разбудил  и разговарал со со семејството и пријателите во Кралската болница во Салфорд, каде беше примен во саботата.

Сепак, блиските на седумдесет и шестгодишниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед признаваат дека постои долг и бавен пат до негова целосна рехабилитација.

Инаку, легендарниот експерт, кој освои 38 трофеи во текот на 26 години на „Олд Трафорд“, се пензионираше во 2013 година.

Би те интересирало и

Конте: За две недели ќе се знае дали го напуштам Челзи

Менаџерот на Челси, Антонио Конте ќе го почека крајот на сезоната, за да ја објави ...

Фергусон се разбудил од кома и разговарал со семејството

Легендата на Манчестер јунајтед во саботата итно беше опериран поради излив на крв во мозокот. ...