Алжирец кој планирал терористички напад во Сараево во 2001, уапсен во Бордо

Поранешен затвореник на Гвантанамо на Куба, Сабир Махфуз Ламар, уапсен е во Бордо, заедно со уште шест лица, поради поврзаност со „Исламска држава“ и сомневање дека регрутира нови членови на оваа терористичка група. Тој бил еден од седумтемина Алжирци кои беа уапсени во Босна и Херцеговина во 2001 година, под сомневање дека планирале терористички напад на американската амбасада во Сараево. Ламар е пуштен од затворот на Куба во 2009, откако Франција се согласила да го прими назад во земјата. Американското министерство за правда ги одби обвиненијата против Алжирецот, кој е пуштен дури откако францускиот претседател Никола Саркози прифати Ламар да се врати во земјата во април 2009 година.

Француските власти соопштија дека нема докази оти групата составена од четири мажи и две жени, кои вчера биле уапсени во Париз и Бордо, планирала каков било терористички напад, пренесува „Индепендент“.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close