Алжир: При уривање на воен-транспортен авион загинаа 105 лица – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Алжир: При уривање на воен-транспортен авион загинаа 105 лица

Во военио-транспортниот авион кој се урна денеска во Алжир имало 105 лица, и сите загинале, јави алжирската државна телевизија. Претходно, телевизијата „Ал Арабија“ јави дека во инцидентот загинале најмалку 200 војници.

Вкупно 25 лица биле од Западна Сахара. Портпаролот на Управата за цивилна заштита изјави дека авионот требало транзитно да слета во Тиндуф, во југозападниот дел на земјата, каде живеат многу бегалци од соседна Западна Сахара.

Според алжирските медиуми, авионот Ил-76 патувал кон селото Башар, но се урнал во една нива неколку минути по полетувањето од воената база во Буфарик. Веднаш по уривањето, авионот се запалил.

Министерството за одбрана соопшти дека веднаш е отворена истрага. Засега не се познати причините за уривањето на авионот.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Кривична пријава против поранешниот директор на ЈП “Исар” од Штип

Секторот за внатрешни работи Штип до надлежното ОЈО, за два одвоени случаи, поднесе кривични пријави ...

Одложено рочиштето на Монструм: Родителите бараат претрес во седиштето на СДСМ

Се одложи денешното рочиште за Монструм, предметот кој неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство. Иако ...