Алп Ер Тунга Ерсој е новиот генерален директор на ТАВ Македонија

aerodrom-skopje

Алп Ер Тунга Ерсој  е назначен за нов генерален директор на „ТАВ Македонија“, компанијата што управува до македонските аеродорми. Досегашниот директор, Зоран Крстевски пак, е назначен за член на Бордот на директори – соопштија денеска од „ТАВ Аеродорми“ Истанбул.

Ерсој, од влегувањето на „ТАВ Аеродроми“ на македонскиот пазар досега беше заменик-генерален директор за операции на „ТАВ Македонија“.  Има над 17 годишно  искуство во авијацијата, а во ТАВ Аеродроми работи од 1999, на повеќе различни позиции – како дежурен службеник на терминалот, а потоа и дежурен  менаџер на терминалот на аеродромот Ататурк во Истанбул, позиции на кои е до 2005 година; потоа станал дел од тимот на меѓународниот проект на ТАВ Аеродроми во Грузија, работејќи на позициите – менаџер на аеродромот во Тбилиси, а потоа и заменик генерален директор на меѓународниот аеродром Тбилиси, до 2008 година.

ersoj-nov-direktor-tav– Би сакал да се заблагодарам на ТАВ Аеродроми за новата позиција на генерален директор на ТАВ Македонија и на Зоран Крстевски за неговиот ценет менаџерски придонес во развојот на македонските аеродроми што го постигнавме досега. Соработувавме многу блиску и ќе продолжима да соработуваме многу блиску и во иднина, имајќи ја предвид неговата нова позиција и нашата визија да ги направиме македонските аеродроми главни центри за авиосообраќај во регионот, обезбедувајќи разновидни услуги, привлечни не само за македонските граѓани, туку и за патниците од соседните земји – се вели во пишаната изјава на Ерсој.

Од ТАВ Македонија соопштуваат дека ги завршиле првите 11 месеци од минатата година со 16 отсто пораст на бројот на патниците, а достигнатиот број на патници е и оти е 1.661.010 лица. Во истиот период, од јануари до ноември, бројот на летови се зголемил за 10 проценти.



Додади коментар

Би те интересирало и

Оланд пристигна на посета во Сингапур

Францускиот претседател, Франсоа Оланд денеска пристигна во Сингапур, што претставува првата етапа од прошталната турнеја ...

Битолчанка во својот двор пронашла граната од Првата светска војна

Жена од Битола вчера во полициската станица пријавила дека пронашла артилериска неексплодирана граната 105 мм, ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger