„Амадеус“, втора премиера годинава во Народен Театар – Штип – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

„Амадеус“, втора премиера годинава во Народен Театар – Штип

Длабочинска борба помеѓу доброто и злото го буди Салиери во секој од нас, а овој умствен конфликт помеѓу тоа што е добро, а што не, е поставен на сцената во Народен театар – Штип, како втора премиера за 2018 година по текст на Питер Шафер, а под режисерско водство на хрватот Иван Лео Лемо. Ова е втора претстава на Лео во Штипски театар по тринаесет години, а публоката го помети и по претставата „Најважно е да се викаш Ернест“.

–       Ова е врвен класичен текст, познат е и во форма на филм, па ова би било дополнителен мотив за публиката да дојде и да ја погледне претставата. Тоа се животите на Моцарт и Салиери, за Канал 77 изјави Иван Лео Лемо.

Една од главните улоги му припадна на Ефтим Трајчов Ѓаурски, Амадеус, а најкомплексниот лик во претставата Салиери го толкува Владимир Тулиев.

Во останатите улоги се појавуваат:

Констанца – Душица Тренева (сопругата на Амадеус)

Вентичели – Пеце Ристевски/Мирко Голомеов

Јосип II – Кристина Атанасова Арсова

Барон Ван Свитен – Миле Вратеовски

Коморник Фон Штрак – Раде Рогожаров

Гроф Розенберг – Милорад Ангелов

Премиерно „Амадеус“ ќе може да се погледне утре (04.05.2018), со почеток во 20:00 часот, локација Народен Театар,Штип.

Би те интересирало и

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од ...

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 ...