Амбасада на САД: Изборите на 15 октомври се важни за Македонија како просперитетна и стабилна демократија

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции, се вели во изјавата на Амбасадата на САД во пресрет на локалните избори.

– Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи – се наведува во изјавата на американската амбасада.

Од Амбасадата на САД истакнуваат дека надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки, додека партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен.

– Ние веруваме дека изборите се клучен дел од секоја демократија и ги поддржуваме напорите со кои граѓаните се охрабруваат да гласаат.  Амбасадата на САД активно ќе учествува во набљудувањето на изборите, заедно со другите меѓународни и локални набљудувачи – се вели во изјавата на американската амбасада.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...