Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на идејата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да подигне ѕид со кој би спречил влез на мигранти од Мексико.

„За заљубените овој ѕид не постои. Љубовта не познава граници“, изјави невестата Евелија Рејес.

Младенците се заколнаа на вечна љубов и си разменија прстени, по што со дозвола на граничарите специјално за оваа пригода ја отворија и вратата на оградата што ги дели двете земји.

Свеченоста беше организирана од страна на „Гранични ангели“, невладина организација за заштита на правата на мигрантите.

Младенците стапија во брак пред оградата, под будното око на граничната полиција во САД и во придружба на неколку членови на семејството и пријателите.

Се запознале пред три години.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

САД предвидуваат Ѕидот на плачот да остане во Израел

САД предвидуваат Ѕидот на плачот во Источен Ерусалим да остане во Израел во согласност со ...

Палестинска ракета наместо во Израел заврши на Газа

Ракета истрелана врз Израел од Појасот Газа погоди станбена зграда во тој палестински регион –  ...