Американската и македонската армија ќе ја презентираат воената опрема во Скопје

Во рамки на воената вежба „Драгон Гардијан 2017“,  вечерва во Скопје, кај порта „Македонија“, ќе биде организирана презентација на опремата на АРМ и на Армијата на САД во Европа.

Покрај презентацијата на опремата, граѓаните ќе имаат можност да проследат кратка обука за самоодбрана, а воедно ќе биде одржан и натпревар за најмладите.

На презентацијата ќе присуствува заменик министерот за одбрана, Беким Максути и командантот на Полкот за специјални операции, бригадниот генерал, Орце Јордев.

Вежбата „Драгон Гардијан“ е наменета за поддршка на целите за обука за зајакнување на стандардните оперативни процедури на инженерските и АБХО единиците од составот на АРМ, како и унапредување на заемното разбирање меѓу АРМ и ВС на САД.

Во вежбата учествуваат 300 припадници на Вооружените сили на САД кои вчера со борбени возила влегоа на граничниот премин „Деве Баир“ од Бугарија во Македонија.

Вежбата официјално ќе се одвива на армискиот полигон „Криволак“, а вчера беше презентирана опремата во Куманово.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close