Американските научници создадоа суперантибиотик

Американските научници од институтот „Скрипс” создадоа еден разновиден антибиотик ванкомицин, кој е способен да се справи со супербактерии – организми кои не подлегнуваат на традиционалните методи на лекување, соопшти Лента. Истражувањето е објавено во списанието „Прсијдингс оф Нешнал академи оф сајанс”.

Специјалистите добија трета модификација на ванкомицин која ја менува пропустливоста на бактерискиот клеточен ѕид. Пред тоа беа развиени уште две модификации на антибиотикот, од кои секоја има своја стратегија за борба со бактериска инфекција.

Според научниците, тоа ќе им овозможи да се избегне развојот на отпорност на антибиотикот кај микроорганизмите. Лекот е создаден врз основа на третата модификација на ванкомицин и е повеќе од илјада пати поефикасен од претходните верзии.

При терапијата со него е потребно значително помала количина, затоа е можно да се појават помалку компликации. Специјалистите работат на технологија за синтетизирање на новиот антибиотик во индустриски количини. Во лабораториски услови за негово  правење потребно е многу време и процесот поминува низ 30 меѓу процедури и хемиски реакции.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Се’ за храна: Како стаклото на рерната да заблеска исто како ново?

Дали редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...