Американски разурнувач се судри со трговски брод (видео)

Седум американски морнари се водат за исчезнати после судирот на американскиот разурнувач и трговскиот брод во близина на брегот на Јапонија, соопштија американски и јапонски официјални лица.

Според првичните информации, во инцидентот се повредени капетанот на американскиот брод и двајца членови на екипажот. Никој од трговскиот брод не е повреден.

Американскиот УСС Фицџералд се судри со трговскиот брод што пловеше под филипинско знаме околу 2:30 часот наутро, по локално време, на околу 56 наутички милји југозападно од јапонскиот град Јокосука, се вели во соопштението на американската морнарица.

Потрагата по исчезнатите американски морнари е во тек, изјави портпаролот на јапонската крајбрежна стража Јошихито Накамура.

Тој додаде дека не е познато дали исчезнатите морнари паднале во морето при судирот или се заглавени во оштетениот дел на разорувачот.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close