Ампутирана ногата на актерот Бата Живоиновиќ за да може да преживее

Bata_Zivojinovic

Лекарите му ја ампутираа едната нога на актерскиот великан, Велимир Бата Живоиновиќ за да може да преживее. Тој веќе извесно време се бори со гангрената која се’ повеќе напредува.

Бата пред неколку денови е префрлен во Болницата „Свети Сава“ каде што му била извршена операција. Српски „Ало“ пренесува дека лекарскиот конзорциум едногласно одлучил дека на актерот треба да му биде ампутиран болниот дел од ногата, но конечната одлука ја донело неговото семејство.

Sutjeska_Nikola„Бата е опериран во петокот и едната нога му е ампутирана до над коленото. Моментално се наоѓа во шок соба, приклучен на апарати за дишење. Се’ уште е рано да зборуваме, односно да даваме какви било прогнози за неговата здравствена состојба“, изјавил за медиумите вработен во болницата каде се наоѓа актерот.

Ваквите вести ги потврди и неговата ќерка, Јелена, додека сопругата Лула не била во состојба да зборува пред медиумите. Со оглед на тоа дека Бата веќе со години боледува од дијабетес, оваа болест дополнително ја отежнува постоперативната постапка. Освен тоа, Живоиновиќ има и болно срце, како и проблеми со периферните артерии, што исто така ја влошува ситуацијата Сепак, за него постојано се грижи соодветен лекарски тим.

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...