Амстердам доби споменик посветен на сексуалните работници

belle-amsterdam-56

Во амстердамската „улица на црвените фенери“ никна споменик посветен на сите сексуални работници во светот.

Оваа статуа која е дело на Елса Ријесеа свечено е откриена кон крајот на март месец. Поранешната сексуална работничка, Мариска Мејорор која имала чест да го открие споменикот изјавила дека истиот треба да им биде мотивација на многумина, која ќе им дава сила во борбата со животот.

belle-amsterdam-47

„Во многу земји секс работничките се борат, а луѓето за немаат никаква почит. Овој споменик би требало да им даде сила на сите тие мажи и жени“, додала Мариска.

За кратко време, овој споменик стана вистинска атракција.

Бронзената статуа на жена со големи гради стои на некогашниот чрвен плоштад, а таа дури и добила свое име – Бел, а воедно претставува и единствен споменик посветен на секс работниците.

Имено, Холандија е една од ретките земји во светот каде сексуалната работа е легализирана, а работниците од оваа фела задолжително мораат да одат на здравствени прегледи кои се на товар на владата.

Би те интересирало и

Ченинг Тејтум ја раскина соработката со Вајнстин

Ченинг Тејтум ги прекинува своите бизнис односи со продукциската компанија „Вајнстин Ко.“ и со Харви ...

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...