Амурските тигри го „ликвидираа“ дронот што ги следеше (видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Амурските тигри го „ликвидираа“ дронот што ги следеше (видео)

Видеото на кое е снимено како група амурски тигри го ловат квадрикоптерот кој го следи нивното движење станува сé попопуларно откако се појави на социјалните мрежи.


Овој настан е забележан во североисточниот дел на Кина, во националниот парк во покраината Хеилонгџијанг, каде што на групата амурски (или сибирски) тигри вниманието им го привлекол дронот со кој властите го следат нивното движење и навики, и започнале да го ловат „шпионот“.

Снимките коишто ги објави кинеската јавна телевизија покажува како ѕверовите си поигруваат ловејќи го леталото, а еден од нив успева во скок да го собори.

На крајот од февруари годинава фотографии од премногу здебелени тигри од истиот резерват предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Корисниците и активистите ја критикуваа управата на резерватот дека не посветуваат доволно внимание кон штитеници и побараа воведување „режим на диета“ за жителите на паркот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како ...

Вреди 30 милиони долари, а вози стара кола и се грее на обична греалка

Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои ...