Андреа Пирло се повлекува од фудбалот

Андреа Пирло објави дека се повлекува од фудбалот на 31 декември годинава, откако ќе му истече договорот со Њујорк Сити во МЛС-лигата, објави порталот Спорт1.

Легендарниот италијански фудбалер има 38 години и во интервју за „Газета дело спорт“ ја најави пензијата.

„Полека сфаќаш дека е дојдено тоа време. Секој ден имаш физички проблеми, не можеш да тренираш како порано, бидејќи постојано имаш некој проблем. На моја возраст, мислам дека е доволно. Не е дека можам да играм до 50 години. Ќе правам нешто друго во животот“, изјави фантастичниот фудбалер од средниот ред.

Оваа сезона Пирло одигра само 15 натпревари од вкупно 32 за Њујорк Сити. Тој претходно во својата кариерата играше за Бреша, потоа за Интер, од каде премина во редовите на Милан. По десет години во таборот на „росонерите“ продолжи во Јувентус. За италијанската фудбалска репрезентација одигра 116 пати, а притоа го освои и Светското првенство во Германија во 2006 година.

Во својата кариера освои речиси сè што може да се освои, освен Европското првенство за сениори со својата репрезентација.

 

Извор: www.sport1.mk

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...