Анима Мунди бара итно да се прогласи карантин во „Вардариште“

Во Вардариште се случува помор на млади заловени кучиња затоа што има епидемија на заразна болест штенечак – болест од која во сраотни маки, болка, гушење умираат над 90 отсто од заловените млади животни. Животните се разболуваат во стационарот. Болеста не се пренесува на луѓе ниту друг вид животни но е фатална за млади кучиња – реагира денеска преку соопштение, Здружението за заштита на животните Анима мунди.

Оттаму бараат итно да се прогласи карантин и да се забрани внес на животни кои со сместувањето таму се осудени на бавна и агонична смрт, распаѓање на сите органи, процес кој е екстремно болен.

„Вардариште не смее да внесува мали животни зошто тие не ни можат да подложат на стерилизација, но тоа во континуитет го прави, а ваквите кучиња потоа сами умираат, на нив не се троши ни средство за еутаназија, во евиденција на стационарот влагаат како починати од природна смрт. Ова е нехумано, поточно екстремно сурово, неприфатливо, скандалозно за град кој се залага за хуман третман на животните. Ние одговорно тврдиме дека девет од десет кутриња умираат во страотни маки, се распаѓаат во стационарот – се вели во соопштението од Здружението.

Анима мунди инсистира да се прогласи карантин и забрана за внес на нови животни (веќе заловените да се третираат и вратат каде се заловени). Оттаму го повикуваат  Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, во својство на претседател на Националниот центар за контрола на болести веднаш да интервенира и да го спречи понатамошното работење на овој стационар.

-Информираме дека повеќе европски институции се веќе информирани за она што се случува во Вардариште и наскоро очекуваме нивни реакции и поддршка за негово затворање се додека не се покаже вистинска намера-расположивост на нашите надлежни институции да работат хумано и создадат услови за хуман третман на кучињата – велат од Здружението.

 

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...