Антиќ: Најголеми навивачи на клубовите се играчите кои играат за репрезентација

Перо Антиќ е еден од ретките кошаркари, кои секогаш отворено зборува на било која тема. Во интервјуто за „Дојче Веле“, екс-капитенот ги посочи главните причини, зошто македонската кошарка „тапка“ во место – пишува порталот Спорт медиа.

„Најголеми навивачи на клубовите се играчите кои сега играат за репрезентација. Голем респект за МЗТ Скопје, но вложува во странски кошаркари, кои се најважни, а колку се најдобри видовме во АБА-лигата и Еврокупот. Мораше да им даваат шанса на Мекиќ и Младеновски, нека играат 20 минути и нека грешат“, смета Антиќ.

Единствениот Македонец, кој настапувал во НБА-лигата посакува кошарката да се врати во сите градови.

„Политиката не смее да се меша во спортот. Не може добар Работнички, без добар МЗТ Скопје. Јас да сум на функцијата би вложил пари во останатите клубови, би ги вратил Кочани Деликатес, Жито Вардар…Не треба целиот спорт да биде само во Скопје“, вели во продолжение Антиќ, кој се надева дека некоја нова генерација ќе го надмине успехот од ЕП 2011 година.

 

Извор: www.sportmedia.mk

Би те интересирало и

НБА: Хјустон го сруши Голден Стејт

Новата сезона во НБА лигата започна со победата на Кливленд над Бостон во дербито на ...

Двајца македонски тренери во „војна“ за функцијата селектор на Романија!

Кошаркарската репрезентација на Романија летово, по пауза од дури 50 години, настапи на Европското првенство ...