Антиќ остана без 25 милиони долари оштета

Кошаркарот Перо Антиќ нема да ги добие бараните 25 милиони долари оштета, која ја побара за инцидентот кој се случи пред нешто повеќе до две години, додека беше играч на НБА тимот на Атланта. Во април 2015 година, Антиќ беше уапсен заедно со тогашниот соиграч Табо Сефалоша, по инцидентот во кој беше избоден Крис Коупленд, кој тогаш играше за Индијана – пренесува порталот Спорт медиа.

Во судската постапка која ја побара Антиќ, судијата одлучил дека полицаецот не употребил прекумерна сила за време на апсењето на нашиот кошаркар. Перо морал да биде уапсен бидејќи полицаецот „морал да донесе таква одлука во тој момент, а и однесувањето на Антиќ било неразумно“.

Подоцна, Антиќ заедно со Сефалоша поднесоа тужба против њујоршката полиција. Македонскиот кошаркар бараше 25 милиони долари оштета, а неговиот адвокат по пресудата, рекол дека за тој случај требало да одлучува поротата.

Непосредно по тој инцидент, Антиќ го одработи договорот со Атланта, каде помина две сезони и потоа потпиша за тимот на Фебербахче. Центарот имаше одлична сезона во турскиот тим, со кој е актуелен турски и европски првак.

 

Извор: www.sportmedia.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Евробаскет: Драгиќ ја однесе Словенија до европска титула

Словенија во Истабул стана Европски шампион во кошарка. Словенците во драматичното финале во „Синан Ереден ...

Кошаркарски час за шампионот, Словенија е првиот финалист на Евробаскетот (видео)

Кошаркарската репрезентација на Словенија ќе игра во финалето на Европското првенство, откако во првото полу-финале ...

Close