Анѓушев се сретна со швајцарскиот амбасадор

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибилe Сутер Техада.

На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу Швајцарија и Република Македонија, а особен фокус беше ставен на процедурите за потпишувањето на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на РМ, Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија/Швајцарската агенција за соработка и развој, за програмата „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017-2021“ за која се планирани 5,3 милиони швајцарски франци, при што Владата на РМ ќе учествува со 1,7 милиони швајцарски франци.

„Главна цел на оваа програма е да овозможи одговорните институции успешно да ја имплементираат политиката за рамномерен регионален развој, при што треба да се земе во предвид нивото на развој на секој од регионите поединечно. Целта ќе биде постигната со воспоставување на „Систем за подобрување на координацијата во планирањето, спроведувањето, следењето и оценувањето на политикатта за рамномерен регионален развој во Република Македонија“.соопштија од кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев и Амбасадорката Техада се согласија дека економската соработка помеѓу двете земји мора да продолжи да се развива и дека во наредниот период со реализација на заедничките проекти ќе се постигнат уште позначајни резултати, со што ќе се придонесе за поинтензивен економски развој, како на локално, така и на државно ниво.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...