Аранжманите распродадени: Македонките за 8. март ќе се частат во Рим, Венеција, Барселона, Прага, Азурен брег и Швајцарија

Традицијата за празнување на 8. март, Меѓународниот празник на жените се менува од година во година. 
Се повеќе Македонки одлучуваат на овој празник секоја година да се „почастат“ со некое патување надвор од земјата да посетат некоја европска дестинација.

Оваа година 8. март се слави во среда. Но, иако е на средина на работна недела и не може да се спои со викенд, тоа не ги спречува Македонките да отпатуваат неколку дена во Виена, Прага, Барселона, Париз, Азурниот брег или некоја друга европска дестинација.

Од туристичките агенции велат дека аранжманите се распродадени. Најголем интерес има за тури со автобуски превоз од три до четири дена, но велат дека исполнети се и аранжманите со авионски превоз.
Списокот на дестинации за 8-ми март кој оваа година го нудат агенциите е доста долг и интересен.

Според она што го нудат агенциите цените се различни за сечиј вкус, од 79 евра за 3 дена во Белград па до 350 евра за 8 дена во Швајцарија со автобус.

Меѓу поинтересните понуди кои се достапни за џебот на Македонките се и посетата на дворците на Баварија, аранжман кој агенциите го нудат по цена од 189 евра за 6 дена со 3 ноќевања со автобуски превоз.

Голем интерес има и за посетата на Азурниот брег, односно за 6 дневно уживање со посета на Сен Тропе, Кан, Ница, Монте Карло и Монако. Оваа понуда агенциите ја нудат по цена од 179 евра со автобуски превоз.

За 209 евра агенциите нудат и екскурзија со посета на Рим, Венеција и Фиренца. Понудата е со автобуски превоз и се однесува на 6 дена и три ноќевања.

Голем интерес во изминатите неколку години има и за посета на Прага. Понудата опфаќа и прошетка до Дрезден и Карлови Вари. Со автобуски превоз оваа екскурзија чини 129 евра, а се однесува на 6 дена и три ноќевања.

Последнава година откако беше воспоставена директната авиолинија до Барселона, агенциите нудат и посета на овој грд кој е познат по катедралата Саграда Фамилија, Магичната Фонтана, Шпанските скали и паркот на Гауди по цена од 319 евра со авион за 4 дена со 3 ноќевања.

За оние кои што имаат повеќе слободни денови пак, агенциите нудат и 5 дена и 2 ноќевања за Будимпешта по цена од 89 евра, 6 дена и 3 ноќевања за 139 евра во Венеција, 5 дена и 2 ноќевања за Атина по цена од 99 евра, како и 9 дена и 4 ноќевања за 269 евра во Париз и 8 дена и 5 ноќевања за 359 евра во Швајцарија. Сето ова се однесува со автобуски превоз.

Извор: еМагазин

Би те интересирало и

Евтин начин за белење на заби во домашни услови

Доколку сакате да ги избелите забите во домашни услови, одличен е методот со користење на ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...