Арачиново: 200 литри нафта украдени од Здравствениот дом – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Арачиново: 200 литри нафта украдени од Здравствениот дом

Непознат сторител извршил тешка кражба во Здравствена станица  Арачиново – соопшти денеска МВР. Случајот во полиција вчера го пријавила педесет и осумгодишна жена вработена како патронажна сестра во амбулантата во село Арачиново.

Според МВР, сторителот со употреба на сила влегол  во подрумската просторија, демонтирал едно црево на резервоарот и одзел околу 200 литри нафта за домаќинство, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

Би те интересирало и

Уапсен штипски хакер во најголемата меѓународна организација за сајбер криминал

Штипјанецот Марко Леопард е во групата од триесет и шест обвинети од меѓународната криминална организација, ...

Кривична пријава против велешанец за полов напад врз малолетничката од „25 Мај“

Велешанец заработи кривична пријава  поради полов напад врз 13-годишната малолетничка, штитеник на јавната установа за деца со ...