Ариана Гранде ја прекинува својата турнеја

Американската пејачка, Аријана Гранде најави прекин на турнејата по бомбашкиот напад во Манчестер, по крајот на нејзиниот синоќешен концерт – јави интернет страницата ТМЗ.

Како што пренесува ТАСС, Гранде е се’ уште е во шок, по загинувањето на најмалку 22 лица, од кои повеќето тинејџери. Следните концерти од турнејата под наслов „Опасна жена“ (Dangerous Woman), беа предвидени за 25 и 26 мај, во Лондон. По настапите во Велика Британија, американската поп пејачка требаше да оди во Белгија, Полска, Германија, Швајцарија, Франција…

Бомбата во Манчестер елсплодираше веднаш откако Аријана ја напушти сцената по крајот на концертот, близу влезот на арената.

Самата пејачка не е повредена, но е во состојба на шок.

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...