Арифи ветува дека ќе се реши проблемот со православните гробишта во Тетово

Градските православни гробишта во Тетово, за еден месец ќе добијат капела. Ова го најави кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Теута Арифи која во изминативе четири години додека го  водеше градот, започна изградбата на капелата, но за една година градежните активности запреа.

Таа ја посети капелата. Не одговори зошто запреле работите, а продолжиле сега за време на изборна кампања. Таа вети дека ќе се уреди и локацијата на новите тетовски православни гробишта кај тетовско Фалише.

Новата локација на градските православни гробишта кај тетовско Фалише беше избрана пред десет години, откако на старите православни гробишта во Тетово, недостигаа места за погребување. Ни и по една деценија, на гробиштата кај тетовско Фалише, градските власти кои стопанисуваа со нив, не обезбедија достојни услови за погребување. Местото е обраснато со трева, нема никаков објект, санитарни јазли, ниту пак верски објект.

На оваа локација моментално се погребани 100 лица. И пред повеќе од еден месец Арифи рече дека за неколку дена ќе се започне со уредување на православните гробишта кај Фалише, но состојбата на терен е иста.

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...