Арифи: За ДУИ е прифатлив секој датум за локалните избори што ќе го договорат партиите

Градоначалничката на Тетово и потпретседателка на ДУИ, Теута Аирфи денеска изјави дека за ДУИ е прифатлив секој датум за локални избори што ќе го договорат сите политички партии.

„Ние, како партија, ќе бидеме за датум што ќе го договорат сите партии. Предвид се земени сите месеци, но треба да се земат предвид и летните одмори, празници и слично“, рече Арифи – пренесува агенцијата Мета.

Градоначалничката на Тетово, Арифи, се надева дека претседателот Иванов ќе покаже одговорност и ќе го даде мандатот за составување нова влада, за да не се комплицираат процесите на централно и на локално ниво.

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close