Арсенал славеше против Челси и се пласираше во финалето од Лига купот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Арсенал славеше против Челси и се пласираше во финалето од Лига купот

Фудбалерите на Арсенал синоќа на реванш натпреварот од полуфиналето во англискиот Лига куп, беа поуспешни од градскиот ривал Челси.

Откако првиот натпревар заврши нерешено, избраниците на Арсен Венгер синоќа со победа се погрижија за пласман во финалето од Лига купот каде што ќе ги одмерат силите со Манчестер Сити.

Челси поведе на натпреварот после седум минути игра благодарение на голот на Еден Азар, но само пет минути подоцна, стоперот на „Сините“, Антонио Рудигер постигна автогол.

Сепак, победата на „Топчиите“ им ја донесе Швајцарецот Гранит Џака кој што погоди во 60-та минута од мечот за голема победа на Арсенал и дуел против „Граѓаните“ во финалето на 25-ти февруари на „Вембли“.

 

Преземено од: Точка

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...