Арсенал со победа во ФА Купот на Англија

Премиерлигашот Арсенал успеа да се пласира во четвртфиналето од ФА купот откако синоќа како гостин го победи нисколигашот Сатон со 2:0.

Стрелци на головите беа Лукас Перез во 26.минута и Тео Волкот во 55.минута. Во четвртфиналето Арсенал за противник ќе има уште една екипа од пониските рангови во Англија, а тоа е Линколн. Од осминафиналето треба да се одигра уште повторениот дуел меѓу Манчестер Сити и Хадерсфелд (28.февруари). Во четвртфиналето другите двојки се:

Тотенхем – Милвол,
Челзи – Манчестер Јунајтед и
Мидлсброу – Манчестер Сити или Хадерсфелд.

Натпреварите ќе се играат на 11 и 12 март.

Би те интересирало и

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...

Конте: Последното интервју беше погрешно пренесено

Навивачите на Челси можат да здивнат бидејќи менаџерот Антонио Конте потврдил дека е среќен во ...